Повик за почит

Низ својата историја, Шпанија и Турција често биле „точка” за средби меѓу Истокот и Западот. Како резултат на тоа, ние сме свесни дека начинот на кој се постапува меѓу различните култури може да биде многу продуктивен, но исто така, може да предизвика и одредени проблеми.Во глобалниот свет, во кој односите и размената помеѓу различните цивилизации продолжуваат да растат, локалните инциденти може да имаат светско влијание. Токму затоа, вредностите поврзани со почитта, толеранцијата и мирниот соживот, се многу значајни. Слободата на изразување е еден од столбовите на нашите демократски системи и ние никогаш нема да се откажеме од неа. Но сепак, не може да стане збор за почитување на правата, без одговорност и без почитување на различните сензибилитети. Објавувањето на овие карикатури може да биде совршено легално, но тоа не може да нé остави рамнодушни и затоа, истото мора да се отфрли и од морален и од политички аспект.
Во 2006 година, низа инциденти се случија по објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед во данскиот весник Јиландс-Постен. Објавените карикатури во весникот, го прикажуваа пророкот како терорист со бомба во неговиот турбан. Повеќето муслимани сметаат дека секое визуелно претставување на пророкот Мухамед е богохулење. Оттука, тие сметаат дека сликите (на другите) се многу навредливи, посебно ако тоа е направено намерно и на провокативен начин. Овој екстракт е од писмото напишано од турскиот и шпанскиот премиер во 2006 година. Нивната намера била да повикаат на меѓусебна почит бидејќи рекацијата на општеството за овие настани, беше многу агресивна. Во писмото насловено „Повик за почит и смиреност“, и двајцата премиери побараа разбирање меѓу културите преку почитување, толеранција и верски соживот.

Која е границата на слободата на изразување? Може ли намерното верско или лично навредување некогаш да се оправда?