Важноста на Алијансата на цивилизациите
Оваа иницијатива [Алијанса на цивилизациите] има за цел да ја подигне глобалната свест за ѕидот на недоразбирање меѓу Западот и арапскиот и исламскиот свет. Целта е да се подигне свеста за можноста од „судир на цивилизациите“. Овој судир претставува сериозен ризик за бројните позитивни аспекти на заедничките односи и за општото разбирање на меѓународните односи. Во исто време, иницијативата има за цел да ги натера владите и носителите на одлуки да преземат и спроведат соодветни мерки на глобално ниво. Особено, нејзината цел е да иницира соодветно влијае во политичките и културните сфери заради спречување на натамошно егзистирање на актуелното разидување меѓу Западот и арапскиот и исламскиот свет.На Запад, растечко е чувството за отфрлање на арапските и исламските вредности. Нив, многумина ги сфаќаат како крути и како закани за западните вредности. Ова е изразено кај различни сектори на населението. Уште позагрижувачко е поврзувањето на овие вредности со насилните практики или дури и со тероризмот.
Алијансата на цивилизациите е иницијатива преземена од Шпанската влада во 2004 година. Подоцна е прифатена од ООН како придружна шпанско-турска иницијатива. Нејзините цели се зближување и надминување на поделбите меѓу цивилизациите заради спречување и превенирање на конфликти и заради промовирање на социјална кохезија.
Овој екстракт е дел од поголем документ издаден од шпанската влада во ноември 2005 година. Документот, издаден од Министерството за надворешни работи, ги објаснува и сумира целите на иницијативата Алијанса на цивилизациите и на нејзината важност во растечкиот свет на антагонизам и судир на цивилизациите“. Концептот за „судир на цивилизациите“, развиен е од мислителот и писател Самуел Хантингтон, во книга објавена во 1996 година, која го носи истиот наслов и во која тој објаснува дека во денешно време, културните и религиозните идентитети на луѓето се појавуваат како примарен извор на конфликт. Важноста на иницијативата Алијанса на цивилизациите е во тоа што истата се спротивставува на тезата на Хантингтон.
Дали мислите дека оваа иницијатива беше доволно добра за да помогне во градењето мостови меѓу културите? Што би направиле вие за да го подобрите односот меѓу различните верски заедници во вашиот град?
Title
Важноста на Алијансата на цивилизациите
Description
Го опишува шпанскиот придонес за унапредување на мирот во светот и за спротивставување на теоријата за судирот на цивилизациите на Хантингтон
Temporal Coverage
21 ви век
Spatial Coverage
Европа, Арапски свет, Шпанија
Is Referenced By
translation of
Laura Galián
Creator
Laura Galián

