Недоразбирања за религијата

Овој видео клип ја демонстрира сложеноста на религијата. Покажува дека религијата функционира во политички, економски и културни контексти. Религијата се менува со текот на времето и просторот и е предмет на постојани промени. На пример, ропството е и оправдано и осудено од сите три главни монотеистички религии (ислам, јудаизам, христијанство). Ова видео нè поканува да забележиме религиозни разлики и изрази во рамките на културата и покажува дека религијата е збир на идеи, практики, вредности и приказни кои формираат составен (целосен) дел од околната култура.

Религијата и културата мора да се гледаат и толкуваат заедно, а не во изолација, затоа што религиозноста е вткаена во различни искуства од егзистирањето на човекот.

Можете ли да ја замислите религијата без културен контекст и односи? Како би функционирала таа?