Охридски рамковен договор: комеморација на конфликтот во 2001 година (#2)

На 14 декември 2018 година, седумнаесет години по вооружениот конфликт во Северна Македонија од 2001 година, во селото Липково се одржа првата заедничка комеморација на цивилните жртви. Главни актери на комеморацијата беа Стојанќе Ангелов, поранешен генерал-мајор на Специјалните македонски сили, и Абедин Зимбери, поранешен командант на Воената полиција на НОВ. И Ангелов и Зимбери положија цвеќе на гробовите на цивилните жртви од Липково и дадоа јавни изјави во прилог на меѓуетничко помирување. Според зборовите на Ангелов,

„иако можеби имаме сосема различна визија за минатите настани, треба да бидеме подготвени да се бориме заедно за иднината“.

Охридскиот рамковен договор е спогодба со која се стави крај на седуммесечниот конфликт во Северна Македонија во 2001 година. Тој беше потпишан од владата на Северна Македонија и претставници на етничката албанска заедница во земјата. Повеќето, но не сите, етнички Албанци во Северна Македонија се муслимани. Етничките Македонци се претежно православни христијани. Освен религиозните разлики, обете групи зборуваат различен јазик. Тензиите меѓу двете групи се зголемија во годините пред 2001 година. Во првата половина од таа година, ова се претвори во отворено насилство. Охридскиот рамковен договор го смири овој конфликт. Тој го договори разоружувањето на албанските милиции. Исто така, им обезбеди јазични и културни права на малцинските групи.

Како мислите дека едно општество треба да ги одбележува неодамнешните вооружени конфликти? Можете ли да ја препознаете разликата помеѓу државните и индивидуалните напори за одбележување на конфликтот од 2001 година во македонски услови?