АфД: Училишта и ислам, 2018 година
Ова е постер кој ја рекламира популистичката, десничарска политичка партија Алтернатива за Германија (АфД), во контекст на изборите во Баварија, регион на југот во Германија, во 2018 година. Пораката на објавувачот на постерот, гласи: „Германска водечка култура”! И „Училишта ослободени од ислам”! Карираниот, сино-бел симбол веднаш до називот на партијата (АфД), го претставува локалното знаме на Баварците. На сликата, во горната половина од постерот, прикажана е група тинејџери кои среќно трчаат низ училишен ходник.
Што заклучува овој постер за поимот „германска водечка култура“ и нејзиниот однос со исламот? Како овој постер го прикажува исламот? Зошто една политичка партија би користела плакат со овие пораки како дел од изборна кампања? Што можеби се обидуваат да постигнат со овој постер? Дали забележувате врски помеѓу пораката на овој постер и исечокот „AfD: Исламот и Баварија 2018“?

