Викинзи: Мобилноста на обичните луѓе во Категат
Историската драмска серија "Викинзи" започнува во Скандинавија во 8 век, следејќи го животот на Рагнар Лотброк, љубопитен земјоделец и жесток воин кој ги прекршува традициите на својот локален поглавар со тоа што прв плови кон богатите, неистражени земји на Западот, особено Англија. Серијата го следи неговиот амбициозен подем од пљачкаш до скандинавски крал, истражувајќи го сложениот социјален, верски и политички живот на паганските Нормани додека тие се судруваат со христијанските кралства на Европа. Приказната во голема мера ги вклучува темите на истражување, културен судир, лојалност и предавство, пред нарацијата на крајот да се прошири и да се фокусира на епските и посебни авантури на неговите познати синови додека го продолжуваат неговото наследство низ различни делови од познатиот свет.
Во оваа ТВ серија, мобилноста на обичните луѓе е од најголема важност, од причина што идниот крал на Викинзите, Рагнар Лотброк, бил обичен селанец пред да стигне до престолот. Голем дел од сцените се одвиваат во Катгегат, родното место и базата на Лотборк и на неговото семејство. Значајно е да се истакне дека Викинзите се бунтовен народ, особено кога губат верба во нивното актуелно политичко раководство. Покрај тоа, нивната постојана посветеност кон Бог им дава верба дека организирани во групи, во различни ситуации, овие обични луѓе можат без никакво размислување да ја користат својата моќ за да создадат промени. Ова е многу интересен и важен аспект од животот на Викинзите.
Од каде потекнува и на што се должи длабокото верување на Викинзите во Один? Кои се главните фактори кои во Викингшката култура придонесуваат за т.н. „мобилизација одоздола”, т.е. за мобилизацијата „од долу кон горе”?

