Човекот: религијата на нерелигиозните
Кога Карл Маркс ја осуди религијата за „опиум на народот“, некои луѓе се свртеа кон нови пороци. Комунизмот и еднаквоста отворија нови перспективи во животот на „масите“, овозможувајќи им поголеми можности и визија за подобра иднина. Меѓутоа, бидејќи длабоко во човековата потсвест лежи потребата да се обожува некого или нешто, комунизмот го породи својот идол.
Наследството на еден обичен бравар кој станал државник, сѐ уште се чувствува во земјите на поранешната Југословенска федерација. Јосип Броз Тито, Маршалот, чие водство ги соедини Јужнословенските социјалстички земји за време на Студената Војна, денес е почитуван и осудуван, а неговото наследство е контроверзен дел од историјата на тие земји. Сепак, секој музеј на Балканот го чествува на свој начин. Комеморативната соба во Белградскиот воен музеј е навистина елегантна изложба каде е вклучена и неговата биста.
Дали ти е познат концептот на комунизмот? Кое е твоето мислење за идолизацијата на еден политичар? Дали препознаваш нешто слично во својата земја?



